Русија го прогласи Гринпис за „непожелна организација“

 –  Русија го прогласи еколошкото движење „Гринпис“ за „непожелна организација“ и ги забрани неговите активности во државата.

Во соопштението на рускиот државен обвинител се вели дека движењето Гринпис се обидело да „се меша во внатрешните работи на државата“ и дека „нивните активисти се впуштаат во антируска пропаганда и повикуваат на дополнителна изолација на државата“, повикувајќи на санкции против Москва .

Москва прогласи десетици странски организации за „непожелни“ во Русија откако почна да ја користи класификацијата во 2015 година.