Московски суд му го продолжи притворот за три месеци на новинарот на „Волстрит џурнал“, Еван Гершкович, јавија руските медиуми.
Окружниот суд Лефортово на сослушување зад затворени врати го одобри барањето на Федералната служба за безбедност (ФСБ) за продолжување на притворот на Гершкович до 30 август.
Гершкович, државјанин на САД беше уапсен во Екатеринбург на крајот на март и обвинет за шпионажа, со што стана првиот странски новинар уапсен во Русија по распадот на Советскиот Сојуз. Првично му беше одреден двомесечен притвор. Волстрит џурнал и американските власти силно ги негираа наводите за шпионажа.