РУСИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ВОЈНА СО НАТО !? Владимир Путин тврди: “Никој не сака таков конфликт, но…“

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека никој не сака конфликт меѓу Русија и НАТО, но, ако некој сака, Русија е подготвена.

Секогаш сме подготвени за секое сценарио. Но, никој не го сака тоа. И на иницијатива на САД, еднаш создадовме посебен механизам за спречување на вакви конфликти. Командантите на одредени наши единици имаат можност директно да комуницираат и да се консултираат за секоја кризна ситуација. Никој не сака никаков конфликт, но ако сака, ние сме подготвени“, рекол Владимир Путин во разговор со новинарите по завршувањето на самитот Русија-Африка.

Зборувајќи за ситуацијата на фронтот во Украина, Владимир Путин вели:

Руските сили ги окупираат точките што им се потребни, тие веќе напреднаа 15 километри долж фронтот и четири километри во длабочина. Тие го прават тоа со цел да ги подобрат своите позиции, да заземаат височини, да создадат нови упоришта. Тие делуваат веродостојно“, тврди рускиот претседател и додава: „Во некои области не само што ги одбиваат нападите на противниците, туку и одат во офанзива. Украина трпи големи загуби во работна сила и опрема, но има и одредени промени – ја штитат опремата“.

Владимир Путин накратко се осврна и на фактот дека Турција и ги предаде борците на Азов на Украина: „Имаше договор. Нема да има други коментари“.

Владимир Путин вели дека на Запад „перат мозоци“ и потоа ја обвинуваат Русија за сите грешки.

Според него, кога Русија ја започнала т.н. специјална воена операција, тоа било поттик за почеток на економските проблеми на Западот, без разлика дали коренот на тие проблеми бил во претходните грешки.