Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Русија не брка никого, барајќи да се укинат санкциите што и се воведени, пренесуваат руските медиуми.
Тој додаде дека во однос на трговската соработка со САД, се ќе зависи од тоа како Америка планира да се позиционира кон продолжување на економската соработка со Русија, пренесе РИА Новости.
„Оваа економска интеракција е блокирана за 95 проценти, додека вредноста на размената пред десет години беше рекордни 30 милијарди долари. Економската соработка сега е речиси целосно блокирана со незаконски санкции“, нагласи Лавров.
Според него, глобализацијата на светската економија повеќе не постои.
„Не го уништи сегашниот претседател Доналд Трамп, туку неговиот претходник Џозеф Бајден кога воведе санкции кои станаа единственото средство на неговата надворешна политика“, заклучи шефот на руската дипломатија.