Русија од копно и воздух ги нападна воените индустриски постројки во Украина

 – Руските сили во текот на ноќта, со проектили со долг дострел од море и воздух, изведоа напад врз украинските военоиндустриски објекти што произведуваат муниција, оружје и воена опрема, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Конашенков сподели информации во врска со акциите на руската војска во војната во Украина.

Напоменувајќи дека руските јуришни единици ги неутрализирале украинските трупи во западните делови на градот Бахмут, во правец на Доњецк, Конашенков изјави дека руските воздухопловно-десантски единици ги поддржале операциите на јуришните единици и извршиле притисок врз украинската војска.

Нападите се изведени врз украинските војници во Калиновки, Часов Јар, Николаевка и Ступочки во Доњецката Област, а Конашенков потврди дека во споменатиот регион се неутрализирани речиси 330 украински војници.

„Руските вооружени сили изведоа групни ракетни напади врз украинските военоиндустриски постројки со оружје со долг дострел лансирани од море и воздух. Нападот беше успешен. Погодени се сите идентификувани објекти. Нарушена е работата на постојките за производство на муниција, оружје и воена опрема за украинските воени единици“, порача Конашенков.