Русија преговарала со САД и ЕУ за Нагорно Карабах

Русија разменила мислења со САД и ЕУ за ситуацијата во регионот Нагорно-Карабах пред воената операција на Азербејџан минатиот месец, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Претходно беше објавено дека високи претставници на САД и ЕУ се сретнале со нивните руски колеги во Турција на итни разговори за Нагорно-Карабах, само неколку дена пред Азербејџан да ја започне својата операција во сепаратистичкиот регион.

„САД и ЕУ побараа да се сретнеме“, изјави Захарова.

Таа додаде дека земјите размениле мислења за ситуацијата во Нагорно Карабах.

„Немаше ништо тајно на оваа средба, тоа беше едноставна размена на мислења. Сега ќе видиме како Западот ќе го претстави сето ова“, рече Захарова.