РУСИЈА: Соборени 13 украински беспилотни летала, 2 летаа кон Москва

Руската војска собори 13 беспилотни летала, од кои 11 во близина на Крим и два кои летаа во правец на Москва, објавија синоќа руските власти на Телеграм.

Во нападите нема жртви и не е причинета штета.

Уништени се два беспилотни летала кои летаа кон градот Москва“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Во близина на градот Севастопол, два беспилотни летала биле соборени од противвоздушна одбрана, додека други девет биле неутрализирани со помош на електронска војна, според истите извори.

Москва го обвинува Киев за нападите.