ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА ИГРАЧ НА НАТПРЕВАРОТ, А ЦЕЛ СВЕТ МУ СЕ СМЕЕ: Роналдо го УНИШТУВААТ на социјалните мрежи – еве зошто! 

Фудбалерите на Ал Наср се пласираа во финалето на Купот на арапските клупски шампиони, откако во полуфиналето го совладаа Ал Шорту со резултат 1:0.

Јунак на триумфот беше прославениот португалски ас Кристијано Роналдо, кој го постигна победничкиот гол.

Апсолутно заслужено Роналдо беше прогласен за играч на натпреварот, а по мечот му беше врачен трофеј за кој брзо стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.

Имено, трофејот што го доби Португалецот неодоливо потсетува на трофејот на Светското првенство, па не им требаше многу време на навивачите на Лионел Меси да почнат да се потсмеваат со Роналдо.

Инаку, Ал Наср ќе игра во големото финале на Купот на арапските шампиони против Ал Хилал, за кој настапува српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ Савиќ.