– Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека руските сили во Украина ги погодиле централните точки на донесување одлуки од кои под водство на западните разузнавачки агенции биле планирани терористички напади врз Русија.
„Во текот на изминатиот ден Руските вооружени сили извршија напади на централните точки на одлучување, каде што се планирани терористички напади против Русија под водство на западните сили. Тие точки во Украина беа погодени со ракети со долг дострел и висока прецизност од воздух. Сите дадени цели се погодени“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.
Од друга страна, во утринските часови се извршени напади со беспилотни летала врз Москва, главниот град на Русија, а оштетени се и дел од зградите погодени од леталата.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нападот врз Москва е одговор на претходниот напад на Русија врз центарот на одлучување во Украина.
Советникот на Кабинетот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, изјави дека Украина нема никаква врска со нападот на Москва.