Русија тврди дека Украина се обидела да изведе напад на Крим со ракета С-200

 Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Украина се обидела да изврши напад на Крим со ракета С-200.

„Ноќта на 19 август, режимот на Киев се обиде да изврши терористички напад на Крим со ракета за противвоздушна одбрана С-200“, се наведува во соопштението на Министерството по повод обидот за напад во текот на ноќта.

Во соопштението се додава дека украинската ракета била навреме откриена и блокирана во воздух од страна на руските противвоздушни ракетни системи, и дека нема причинета штета, ниту жртви.

Русија го анектира Крим во 2014 година.