Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи вчера побара од германскиот амбасадор во Москва да го појасни статусот на Германија за војната што се одвива меѓу Русија и Украина.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова вчера побара од германскиот амбасадор во Москва да го појасни статусот на Германија за војната што се одвива меѓу Русија и Украина.
„Германската министерка за надворешни работи [Аналена Баербок] вели дека нејзината земја, заедно со другите земји, е во војна со Русија. Истото Министерство не ја смета својата земја како страна во судирот. Имајќи ги предвид овие контрадикторни изјави, германскиот амбасадор во Русија би требало да го разјасни тоа“, објави Марија Захарова на социјалната мрежа Телеграм.
Во средата, Баербок, зборувајќи на седницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, рече дека „Германија веќе е во војна со Русија“.
Германското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека давањето поддршка на Киев не ја прави Германија страна во судирот што се одвива во Украина.TRT Balkan