– Москва денес ја стави Норвешка на листата на „непријателски“ земји, нагласувајќи дека тоа е поради постапките против руските дипломатско-конзуларни претставништва во странство.
„Уредбата предвидува од ограничувања до целосна забрана на непријателските земји да вработуваат службеници кои се наоѓаат на територијата на Русија во амбасадите, конзулатите, претставништвата на државните органи и државните институции“, се наведува во соопштението на Владата.
Одобрената листа, покрај имињата на „непријателските“ земји, прецизира и колку вработени од Русија би можеле да ангажираат тие држави. За Норвешка, Москва резервирала квота од 27 лица.
Минатиот март Русија издаде уредба со листа на земји „непријателски кон Русија, руските компании и граѓаните“.
На листата се наоѓаат земји што воведуваат санкции против Русија повеќе од 10 години.
Уредбата ѝ дава право на Владата да воведе специјални мерки како одговор на „непријателските акции“.