“РУСИЈА ЌЕ ПОСТИГНЕ МИР ПО СВОИ УСЛОВИ!“ – Димитриј Медведев со нова драматична изјава: “Цело НАТО се бори против нас, но имаме доволно сила да постигнеме се“

Целиот систем на НАТО практично отворено се бори против Русија, но имаме доволно сили за да ги исполниме сите задачи од специјалната воена операција“, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за национална безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

По повод годишнината од конфликтот меѓу Грузија и Јужна Осетија, Дмитриј Медведев на социјалната мрежа Телеграм напиша дека, како што наведе – „како и во август 2008 година, непријателите ќе бидат уништени, а Русија ќе постигне мир по свои услови“.

За потсетување, Русија испрати војници во Јужна Осетија во август 2008 година, откако Грузија се обиде да го врати регионот, кој прогласи независност во 1991 година, и ги потисна грузиските сили.

На 26. август 2008 година, одицијална Москва ја призна независноста на Јужна Осетија и АбхазијаГрузија, но и остатокот од светот ги смета Абхазија и Јужна Осетија за дел од границите на Грузија.