“РУСИЈА ЌЕ УПОТРЕБИ НУКЛЕАРНА БОМБА НА СВОЈА ТЕРИТОРИЈА!“ – ‘Готвачот’ со страшно предупредување до Русите: “Тие се психопати, внимавјате луѓе!“

Првиот човек на приватната воена група Вагнер, Евгениј Пригожин, стравува дека руското воено раководство би можело да одлучи да употреби тактичко нуклеарно оружје во Белгород, кој се наоѓа на границата со Украина, пишува весникот Newsweek

Тензијата помеѓу челниците од Кремљ и Евгениј Пригожин се зголемува од недела во недела, а особено беше напната кога членовите на Вагнер уапсија руски потполковник кој во опиена состојба пукал во луѓето на Евгениј Пригожин.

Сега Евгениј Пригожин стравува дека Русија би можела да употреби тактичка нуклеарна бомба на своја територија, во БелгородЕвгениј Пригожин го изјави ова откако изјави дека Украина држи неколку села во околината на Белгород.

Лобирањето да се користи нуклеарна бомба на туѓа територија е страшно, но ние можеме да го направиме тоа дома, за да покажеме колку сме психопати. Украинците држат неколку мали села и тоа е местото каде што Русите ќе таргетираат со своето тактичко нуклеарно оружје“, тврди Евгениј Пригожин.

Потоа т.н. ‘готвач‘ кажа едно нешто што збуни многумина, дури и Украинците.

Тоа е точно под услов да е сè уште функционално, судејќи според тоа како тие работат и одржуваат други оружја“, вели тој.

Тој им даде ултиматум на руските власти да го ослободат овој регион во следните две недели. Тој, исто така, постојано апелираше за муниција и се закануваше дека ќе ги повлече војниците доколку неговото барање не биде исполнето.

Му даваме рок на Министерството за одбрана на Русија од две недели да ги ослободи нашите територии во регионот на Белгород. Тие го лажат рускиот народ!“, нагласува Евгениј Пригожин во своето драматично обраќање.