Руската армија не памети ваков ден: Полуден руски наредник уби шест руски војници и исчезна

Рускиот наредник Јуриј Галушко убил шестмина свои соборци во убиствена треска, како што не може да се запамети во руската армија. Меѓутоа, кога ќе се додаде фактот дека Галушко е еден од оние борци кои беа помилувани и ослободени од руски затвор за да се борат во Украина, ваквата вест можеби и не изненадува, пишува Јутарњи лист.

Во предвечерието на војната, Кремљ се реши на очајнички потег, ги „пребара“ руските затвори и испрати 100.000 опасни криминалци на фронтот во Украина. Оние кои преживеаја беа наградени со слобода. Затоа, не е чудно што низ Русија е зголемен бројот на убиства, силувања и други криминални активности.

Но, досега не е евидентирано дека некој од овие криминалци направил проблеми во самата армија. Веста за масакрот во областа Александровка се уште не е потврдена од руските медиуми, но проруските блогери на големо пишуваат за тоа. Тие тврдат дека 57-годишниот наредник Јуриј Галушко со калашников убил шест војници од 10-от тенковски полк пред да побегне.

Руската армија стравува дека убиецот сега ќе се обиде да побегне на украинската страна. Имено, Галушко е роден во Харков, Украина, но пред војната се преселил во Белгород, каде што завршил во затвор.