Руската армија собори украински авион МиГ-29

 Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската противвоздушна одбрана соборила украински авион ловец МиГ-29.

Според руските медиуми украинскиот авион бил соборен над Доњецк.

Украина сè уште не пријавила загуба на воен авион.

Претходно, руската армија соопшти дека синоќа уништиле 47 украински беспилотни летала, од кои најголем број во областа Ростов, на границата со Украина.