– Министерството за обрана на Русија соопшти дека синоќа е спречен обид на Украина со беспилотни леtала да го нападне главниот град Москва и московската област.
Руското министерство наведе дека Украина околу 3:00 часот по полноќ се обидела да изведе терористички напад со дрон врз објекти во Москва и Подмосковје.
„Беспилотното летало е уништено со системи за противвоздушна одбрана во истарскиот округ на московската област“, се вели во соопштението.
Сергеј Собјанин, градоначалниот на Москва, на социјалните мрежи објави дека во обидот за напад на Москва немало човечки жртви, ниту е причинета материјална штета.
Привремено е суспендирано полетувањето и слетувањето на авиони на аеродромите Внуково, Шереметјево и Домодедово во главниот град Москва.
Воздушниот сообраќај функционира нормално.