Рускиот пилот кој побегна во Украина е брутално убиен во Шпанија: Кузминов добил 500.000 долари за да му предаде моќен хеликоптер на Киев (видео)

Рускиот пилот Максим Кузминов, кој со оклопниот хеликоптер Ми-8 пребегна во Украина, загина во Шпанија!

Кузминов (33) бил пронајден со повеќе прострелни рани во гаража кај Бенидорм.

Информацијата ја пренесоа шпанските и руските државни медиуми.

На Кузминов наводно му била ветена награда од 500.000 долари за пребегнувањето со руски воен хеликоптер во Украина.