Руските и белоруските џудисти први се враќаат на меѓународните натпреварувања

„Мислам дека е неприфатливо да им се дозволи на војници од терористичка земја која секојдневно убива Украинци да учествуваат на меѓународните натпреварувања“, изјави денеска светската шампионка од 2019 година во категоријата до 48 килограми Дарија Билодид, која се закити со бронзениот медал на последните Олимписки игри во Токио.

Светското првенство во џудо кое претстојниот викенд ќе се одржи во Доха ќе биде првото големо меѓународно натпреварување од почетокот на војната во Украина на кое ќе настапат спортисти од Русија и Белорусија.

Претходно оваа недела, Меѓународната џудо федерација (ИЈФ) даде дозвола за враќање на Русија и Белорусија, под услов тоа да го направат поединечно и како неутрални спортисти.

Оваа одлука, која дојде по препораката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), ги разгневи Украинците, кои најавија повлекување од натпреварувањето, тврдејќи дека меѓу дел од натпреварувачите има активни руски војници.

„Мислам дека е неприфатливо да им се дозволи на војници од терористичка земја која секојдневно убива Украинци да учествуваат на меѓународните натпреварувања“, изјави денеска светската шампионка од 2019 година во категоријата до 48 килограми Дарија Билодид, која се закити со бронзениот медал на последните Олимписки игри во Токио.

Чешка и Полска беа меѓу државите кои, исто така, ја критикуваа одлуката на ИЈФ, но одлучија да настапат на претстојното Светско првенство во Доха.