Зз време на едно емитување на руската државна телевизија, еден руски војник, среде извештај за војната во Украина, слободно и без последици призна дека руските војници им ги отсекоа показалците на заробените украински снајперисти.
Не е првпат
Шокантната изјава беше емитувана на една од главните вести, а еден војник опиша како им ги сечат прстите на двете раце на Украинците со намера трајно да ги онеспособат за војна.
Од почетокот на војната во Украина, има неколку извештаи за Руси кои намерно ги ампутираат екстремитетите на украинските воени заробеници за да не можат да се вратат на бојното поле по враќањето.
Руската агресија врз Украина влезе во својата четврта година, а оттогаш се убиени десетици илјади Украинци.