Голем скандал за време на подготвителниот период во турскиот туристички центар Анталија, каде што и неколку наши екипи се подготвуваа за пролетниот дел од сезоната. Тепачка се случила во еден хотел, каде што заедно биле сместени руска и украинска екипа. Станува збор за рускиот Шиник и украинскиот Минај.
Наводно фудбалерите на Минај барале од руските колеги да ја пејат химната на Украина, а барале одговор зошто јавно не кажуваат против властите на нивната земја.
Во текот на вечерта на 13. февруари, наводно група на украински фудбалери сретнала еден на Шиник во лифт и го истепале. Кога лифтот стигнал до дестинацијата, се вклучиле и фудбалерите на Шиник, и настанала општа тепачка.
Епилогот е дека се повредени четири руски фудбалери на кои им била укажана помош. Наводно потоа Украинците им порачале на Русите да го напуштат хотелот за да не дојде до понатамошни инциденти. Случајот бил пријавен и во полиција.