Руски пејач падна од прозорец и почина: Го критикувал Путин, кружат разни теории 

Рускиот кантавтор Вадим Стројкин, кој јавно се изјасни против војната на Путин во Украина, денеска падна од прозорец за време на рација на безбедносните служби во неговиот стан, објави проектот за човекови права ОВД-Инфо.

Според достапните информации, Стројкин починал на местото на настанот, пренесува независниот руски портал Медуза.

Телеграмскиот канал тврди дека скокнал

Според рускиот телеграмски канал Mash on Moike, за време на испрашувањето, Стројкин побарал да оди во друга просторија, каде брзо го отворил прозорецот и скокнал.

„За време на истрагата, човекот најде изговор да оди во друга соба, каде брзо го отвори прозорецот и презеде неповратна акција“, објави Mash on Moike, сугерирајќи дека се работи за самоубиство.

Рускиот истражен комитет отвори истрага за околностите на смртта на Стројкин, јавуваат руските медиуми.
Стројкин и претходно јавно ја критикуваше руската инвазија на Украина. Во 2022 година, тој објави порака на социјалната мрежа ВКонтакте во која се противи на војната што ја започна Кремљ.