Руското обвинителство побара уште 20 години затвор за Навални

 Обвинителите во новиот судски процес против рускиот опозиционер Алексеј Навални бараат 20 години затвор. Судењето се одвива зад затворени врати, а на Навални му се суди за екстремизам.

Според соработниците на Навални, пресудата ќе биде изречена на 4 август, според која опозиционерот треба казната да ја отслужи во колонија со специјален режим.

Тие исто така тврдат дека Навални на денешното рочиште ја осудил „глупавата и неразумна“ војна на Русија во Украина.

Навални (46) отслужува деветгодишна затворска казна откако е осуден за измама и непочитување на судот. Тој беше уапсен во јануари 2021 година, откако се врати во Москва од Германија, каде што се лекуваше од труење со нервен агенс.

Навални се соочува со седум нови обвиненија, вклучително и формирање и финансирање на екстремистичка организација и рехабилитација на нацистичката идеологија. Критичарот на Кремљ ги отфрла обвинувањата како политички и го обвинува Кремљ дека сака да го осуди на доживотен затвор.

Новите обвиненија се однесуваат на активностите на антикорупциската фондација на Навални и изјавите на неговите главни соработници.