Сабаленка на Вимблдон нема да одговара на прашања за војната во Украина

– Белоруската тенисерка Арина Сабаленка најави дека на претстојниот грен – слем турнир во Вимблдон ќе зборува само за спортот и нема да одговара на прашања поврзани со војната во Украина.

„Сакам да кажам дека нема да зборувам за политика. Тука сум да зборувам само за тенисот. Ве молам тоа да го почитувате. Доколку имате какви и да е политички прашања, можете да ги поставите на ВТА или на организаторите на турнирот. Тие можат да ви испратат транскрипти на моите одговори од претходните турнири“, изјави Сабаленка на прес – конференција во Лондон.

Сабаленка е втор носител на Вимблдон и една од најголемите фаворитки за титулата. Во јануари го освои Австралија опен, а на Ролан Гарос дојде до полуфиналето.