Поранешниот селектор на Босна и Херцеговина Саво Милошевиќ би можел по втор пат во кариерата да стане тренер на белградски Партизан.
На клупата треба да го замени Александар Станојевиќ, кој вчера го напушти клубот, ден по поразот од Црвена звезда во дербито.
Милошевиќ ја започна својата тренерска кариера во Партизан во 2019 година, беше тренер на Олимпија како и на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Сега, според информациите на Mozzart Sport, тој би можел да се врати на местото каде што ја започна својата играчка и тренерска кариера.
По Партизан, Милошевиќ настапуваше и за Астон Вила, Сарагоса, Парма, Еспањол, Селта Виго, Осасуна и Рубин Казан каде ја заврши кариерата.
Во својата кариера го освои Купот на Србија во 2019 година со Партизан.