Садио Мане купи фудбалски клуб

Садио Мане, 31-годишниот сенегалски фудбалер, официјално е претставен како нов сопственик на Бурж Фут 18, клуб кој се натпреварува во групата Б од четвртата француска лига.

Досега Bourges Foot 18 беше здружение, а сега ќе стане компанија во која мнозински сопственик ќе биде Садио Мане. Бурж Фут 18 моментално се наоѓа ниско во нивната четврта дивизија група Б, на претпоследното место на табелата, со победа, нерешено и пет порази во седум лигашки настапи оваа сезона.

Мане моментално е играч на Саудиска Ал Наср, а претходно имаше одлична кариера играјќи за Мец, РБ Салцбург, Саутемптон, Ливерпул и Баерн. За репрезентацијата на Сенегал, со која ја освои титулата африкански шампион во 2021 година, одигра вкупно 99 натпревари и постигна 38 голови.