САД бараат промена во кинеската сопственост на TikTok

Неодамна, во САД беше усвоен нов закон кој и дозволува на Белата куќа да го забрани TikTok или други странски технологии доколку тие претставуваат ризик за националната безбедност.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден бара кинеските сопственици на TikTok да се откажат од својот удел во популарната видео апликација или да се соочат со можна забрана во САД, изјавија од компанијата за Ројтерс.

TikTok е во сопственост на кинескиот ByteDance, највредниот стартап во светот, пренесува Танјуг.

Овој потег уследи по воведувањето на новиот американски закон кој дозволува Белата куќа да го забрани TikTok или други странски технологии доколку претставуваат ризик за националната безбедност.

Други земји и ентитети, исто така, одлучија да ја забранат апликацијата и изразија загриженост за нејзините врски со кинеските власти и собирањето кориснички податоци ширум светот.

„Неморална и непристојна содржина во апликацијата“

Индија ги забрани TikTok и десетици други апликации од кинески програмери на сите уреди во јуни 2020 година, тврдејќи дека тие се потенцијално штетни за безбедноста и интегритетот на земјата.

Авганистан преговара за забрана на TikTok и видео играта PUBG, а талибанците тврдат дека ја „залутале“ авганистанската младина.

Пакистан привремено го забрани TikTok најмалку четири пати, а последната забрана заврши во ноември, поради она што владата го смета за „неморална и непристојна содржина на апликацијата“, според Ројтерс.

Вработените во белгиската влада повеќе нема да смеат да користат TikTok на официјални телефони, а канадските власти ја донесоа истата одлука, поради безбедносни ризици.

Тајван ги забрани TikTok и некои други кинески апликации од државните уреди и во декември 2022 година започна истрага за апликацијата за социјалните медиуми поради сомнителни нелегални активности на островот.

Кина ги блокира YouTube, Twitter, Facebook и Instagram

Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД на почетокот на месецот гласаше за усвојување на нацрт-закон со кој на претседателот Бајден ќе му се даде овластување да ја забрани апликацијата и социјалната мрежа TikTok во САД.

Белата куќа претходно им наложи на сите федерални агенции да го избришат TikTok од сите владини уреди во рок од 30 дена.

Конгресот и повеќе од половина од американските држави досега го забранија TikTok на официјалните мобилни уреди.

Европската комисија и Европскиот парламент и институциите на Европската унија го забранија ТикТок од телефоните на своите вработени од безбедносни причини.

Платформите за социјални медиуми и апликациите за пораки, вклучувајќи ги YouTube, Twitter, Facebook и Instagram, се блокирани во Кина долго време.