САД ги повикаа Косово и Србија да преземат итни чекори за деескалација на тензиите

– Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен ги повика и Косово и Србија да преземат итни чекори за деескалација на тензиите.

Блинкен го упати повикот на прес-конференцијата по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во главниот град на Норвешка, Осло.

Ескалацијата на судирите ќе ги придвижи и Косово и Србија во „погрешна насока“, рече тој, и ги повика двете страни да постапуваат одговорно.

Тензии го зафатија Косово по судирот на демонстрантите и безбедносните сили во северните општини во кои доминира српско население поради изборот на градоначалници Албанци.

За време на судирите беа повредени најмалку 30 војници на НАТО, додека над 53 цивили се повредени од шок-бомби и солзавец, соопштија болнички извори.