САД ги укина санкциите – производството на нафта скокна за 25%?

Венецуела би можела да го зголеми производството на сурова нафта за 25 отсто од сегашното ниво, доколку привременото олеснување на американските нафтени санкции стане трајно.

Според консензусната прогноза на аналитичарите анкетирани од Блумберг, сегашното производство на нафта во Венецуела се проценува на околу 800.000 барели дневно (bpd).

Олеснетите санкции ќе и овозможат на јужноамериканската земја, која има најголеми резерви на сурова нафта во светот, да го зголеми производството за 200.000 барели дневно, велат аналитичарите, иако не е сигурно колку брзо би можела да го постигне тоа, пишува Блумберг.

Вчера САД привремено ги укинаа санкциите за венецуелската нафтена индустрија, откако владата на претседателот Николас Мадуро постигна договор со опозицијата, според кој изборите би можеле да се одржат следната година.

Олеснувањето на санкциите би можело да го зголеми американскиот увоз на тешка сурова нафта од Венецуела, а единствената западна компанија на која администрацијата на Бајден ѝ дозволи да извезува нафта од земјата е енергетскиот гигант Шеврон.