САД испратија нуклеарна подморница на Блискиот Исток – ова може да значи само едно

Морнарицата на САД испрати нуклеарна подморница на Блискиот Исток како порака до Иран и неговите полномошници да не ја ескалираат војната на Блискиот Исток.

Израелската Армија го поздрави распоредувањето на подморница способна да лансира нуклеарно оружје во понеделникот, пренесуваат странските медиуми.

Секогаш е добра вест да се види како Американците носат повеќе средства“, им порача на новинарите портпаролот на ИДФ, потполковник Ричард Хехт.

Ова го гледаме како еден вид заплашувачки, но стабилизациски фактор во регионот“, нагласи тој.

Исто така, протекоа извештаи дека израелските војници би можеле да се најдат во градот Газа за неколку дена, бидејќи војниците на ИДФ го опкружуваат најгусто населениот дел од опколената енклава.