КАКО ВО СТАРИТЕ ДОБРИ ДЕНОВИ! Кристијано Роналдо постигна два гола и ги фрли навивачите во транс – со вториот гол Португалецот уште еднаш ја докажа својата големина во фудбалот (видео)

Кристијано Роналдо ја продолжи својата голгетерска серија во Саудиска Арабија. Неговиот Ал-Наср славеше со 5:0 на гостувањето кај Ал-Адаљо, а португалскиот напаѓач погоди за водство во 40. минута за 3:0 и потоа во 66. минута.

Тоа беше негов 11-ти гол во деветтиот настап за Ал-Наср, кому му се приклучи на 1. јануари како слободен играч по раскинувањето на договорот со Манчестер Јунајтед.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ДВАТА ГОЛА НА РОНАЛДО ТУКА

Роналдо го постигна првиот гол во вторникот од пенал, но подоцна потсети дека не заборавил како се постигнуваат голови од игра. Одеше по левата страна, се ослободи од противничкиот дефанзивец и со левата нога ја испрати топката во спротивниот агол.

Во следното коло Роналдо и друштвото гостуваат кај десеттопласираната Ал Феиха.