Ќерката на Јелена Карлеуша стана позната ТикТокерка: Сите од неа бараат само една работа – Дали ќе ја издаде мајка си!? (ФОТО)

Помладата ќерка на Јелена Карлеуша, Ника Тошиќ, никогаш не сакала да се експонира во медиумите и на социјалните мрежи.

Сепак, наследничката на популарната пејачка во последните години е активна на социјалната мрежа TikTok, а на големо се гледаат видеата од нејзините промени на фризурата, шминката и комбинациите на аутфит.

Со оглед на тоа што сите во Србија, но и пошироко знаат дека таа е ќерка на Јелена, често се шегуваат и и’ пишуваат да провали во лаптопот на нејзината мајка и да им открие фрагмент од некоја нова песна на ЈК.

,,Укради го лаптопот на мајка ти и пушти ни го албумот“, „Прашај ја мајка ти кога излегуваат новите песни“, „Кажи и’ на мајка ти дека луѓето бараат што поскоро да го издаде новиот албум“ – се само дел од урнебесните коментари речиси под секое нејзино видео.