– Пред девет години Русија изврши инвазија на Украина и го окупира Крим, што е чисто кршење на меѓународното право и суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. САД не ја признаваат и никогаш нема да ја признаат руската наводна анексија на полуостровот, соопшти синоќа Стејт департментот.
САД исто така ветија дека санкциите остануваат се додека Русија не ја врати контролата на Крим на Украина.
-Крим е Украина. САД никогаш нема да го признаат тврдењето на Русија за суверенитет над полуостровот. Ја повикуваме Русија да стави крај на окупацијата на Крим, изјави портпаролот Нед Прајс.
САД исто така ги поздравуваат и напорите на Украина со Кримската платформа а фокусирање на глобалното внимание на продолжителната окупација на Русија.