САД објави нов пакет воена помош од 1,3 милијарди долари за Украина

– САД денеска објавија дополнителна безбедносна помош за Украина, во вкупна вредност од околу 1,3 милијарди американски долари.

Во пакетот се вклучени капацитети за ПВО и муниција.

„Оваа објава претставува почеток на процесот на склучување договори за обезбедување дополнителни приоритетни капацитети за Украина“, се вели во соопштението на Пентагон објавено денеска.