САД ПРОГЛАСУВА НАЦИОНАЛНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА !? Џо Бајден објави економска војна на Кина – Кинезите бесни: “Ова е веќе малтретирање!“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, во средата потпиша извршна наредба за ограничување на одредени американски инвестиции во Кина за заштита на чувствителните технологии, што официјален Пекинг го осуди како кршење на принципите на пазарна економија и фер конкуренција.

Џо Бајден вели дека „прогласува национална вонредна состојба за да одговори на заканата од напредокот на земјите од загриженост во чувствителните технологии и производи кои се клучни за воените, разузнавачките, надзорните или сајбер способностите на таквите земји“.

Според извршната наредба, Џо Бајден ја назначи Кина, вклучително Хонг Конг и специјалниот административен регион Макао, како – „земја на загриженост“.

Претставник на американската Влада вели дека овој потег има за цел да ја спречи Кина да ги стекне и да ги користи најнапредните технологии за да ја модернизира својата Армија и да ја поткопа националната безбедност на САД.

Построгите правила важат за полупроводниците, одредени системи за вештачка интелигенција и квантни информациски технологии.

Кога Џо Бајден ја презеде функцијата во јануари 2021 година, тој ги остави во сила тарифите против Пекинг што ги воведе неговиот претходник, Доналд Трамп.

Џо Бајден, исто така, започна големи инвестиции во САД за да ги зајакне синџирите на снабдување на Вашингтон и да обезбеди поголема независност од КинаСАД, исто така, наметнаа извозни ограничувања за да ѝ оневозможат на земјата пристап до американските технологии.

Во четвртокот, Кина жестоко реагираше на гореспоменатата извршна наредба.

Кина внимателно ќе го следи развојот на настаните и решително ќе ги заштити нашите права и интереси“, изјави во четвртокот портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина.

Вистинската цел на Вашингтон е да ја лиши Кина од правото на развој и себично да ја следи американската надмоќ на сметка на другите“, тврди потпаролот.

Ова е бесрамна економска принуда и технолошко малтретирање, чин кој сериозно ги нарушува принципите на пазарната економија и фер конкуренција, го поткопува меѓународниот економски и трговски поредок, ги дестабилизира глобалните индустриски и снабдувачки синџири и им штети на интересите на Кина и САД и глобалната деловна заедница“, заклучи портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина.