ВИДЕО | Најлошото куче чувар во историјата: Златен ретривер наишол на крадец во гаража, па си играле и се гушкале

Урнебесно видео од златен ретривер кој беше прогласен за „најлошото куче чувар во историјата“ се шири низ Интернет.

Имено, во Сан Диего непознат маж влегол во гаража на семеен дом за да украде велосипед.

Меѓутоа, тогаш се појавил златен ретривер кој наместо да го спречи крадецот, решил да си игра со него, а се е снимено од надзорните камери.

Имено, крадецот бил на излез од гаражата со украден велосипед, а потоа до него дошло разиграно куче кое никогаш не лаело, само радосно мавтало со опашот.

Неговото однесување за момент го спречило и крадецот да краде, а тој го галел по главата и стомакот.

„Ти си најкул кучето што сум го видел“, се слуша како вели мажот на видеото.

Сепак, крадецот не се откажал од кражбата, а полицијата од Сан Диего го споделила ова видео и ги повикала граѓаните да ги известат дали го виделе човекот од видеото или имаат информации за украдениот велосипед.