ФОТО/ВИДЕО | ЕКВАДОР ВО ШОК – Ладнокрвно убиен претседателски кандидат за време на митинг, луѓето во шок и неверување: “Сета тежина на Законот ќе падне врз вас!“

Кандидатот за претседател на Еквадор, Фернандо Вилависенсио, е застрелан на крајот од предизборниот митинг во средата вечерта во Кито, а извршителот на убиството набрзо бил идентификуван, но им подлегнал на повредите при апсењето.

На видеата од предизборниот митинг, објавени на социјалните мрежи, се гледа како луѓе трчаат и врескаат додека се слушаат пукотници од кои е убиен 59-годишниот претседателски кандидат.

Осомничениот сторител починал од повредите здобиени при апсењето“, соопштија од Јавното обвинителство во објава на социјалната мрежа Х (Твитер).

слика
Фернандо Вилависенсио

Партијата Movimiento Construye на Фернандо Вилависенсио објави на социјалните мрежи дека вооружени лица ги нападнале нејзините канцеларии во Кито.

Во спомен на неговата борба, ве уверувам дека ова злосторство нема да остане неказнето“, објави актуелниот претседател, Гиљермо Ласо, во објава на социјалните мрежи. Тој додаде дека организираниот криминал во земјата „заминал многу далеку“ и им порача на сторителите дека „целата тежина на законот ќе падне врз нив“.

слика
Кито, Еквадор
слика
Кито, Еквадор

Гиљермо Ласо најави свикување итен состанок на високи безбедносни функционери.

Според анкетите на јавното мислење, центристот Фернандо Вилависенсио имал поддршка од 7,5 отсто од гласачите, со што е на петтото место меѓу осумте претседателски кандидати во првиот круг од претседателските избори, закажани за 20. август.

Фернандо Вилависенсио кој потекнува од провинцијата Чимборазо на Андите, е поранешен член на синдикатот во државната нафтена компанија Petroecuador, а подоцна како новинар ги посочи наводните милионски загуби во договорите за нафта.

слика
Кито, Еквадор

За нафтениот бизнис тој во вторникот поднел пријава до Државното правобранителство, но деталите од неговата пријава не се соопштуваат во јавноста.

Фернандо Вилависенсио беше под тешки критики од опозициските политичари за попречување на процесот на импичмент на Гиљермо Ласо оваа година, по што беа распишани предвремени избори.

Денес, повеќе од кога било, се повторува потребата да се дејствува силно против криминалот. Нека Бог го чува во негова слава“, напиша Јан Топиќ, кандидат за претседател.

Претседателката на Националниот изборен совет (ЦНЕ), Дијана Атамаинт, исто така во средата објави дека неколку членови на тоа тело, одговорно за следење на гласањето, добиле смртни закани.

слика
Кито, Еквадор