ФОТО | Ладно оружје, дрвени и метални палки, пиротехнички материјал – дел од арсеналот на уапсените хулигани во Атина

 Ножеви, пиротехнички материјали, метални и дрвени палки, камен, фантомки, меѓу другото, користеле уапсените хулигани во инцидентот во понеделникот вечерта во кои беше убиен 29-годишниот навивач на АЕК, според фотографиите што ги објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. 

Конкретните предмети биле пронајдени во делот околу стадионот на АЕК по инцидентите.

Според објавените фотографии, на дел од предметите, како што се каменот и дрвените палки, има траги од крв.

Меѓу пронајдените докази и предметите, согласно полицискиот извештај, како што претходно објави МИА се и дрвена табла во должина од 120 сантиметри на која имало клинци и траги од крв, три дрвени палки долги 83 сантиметри, а на две од нив со траги од крв, дрво во должина од 52 сантиметри исто рака со траги од крв, на кое било заковано друго дрво, џебни ножеви во должина од 17 и 20 сантиметри, медицинска маска со траги од крв, маици, стаклени шишиња од пиво, патики итн.