– Властите во САД воведоа нови санкции за руската разузнавачка агенција ФСБ и Иранската револуционерна гарда поради земање „заложници“ Американци како што е новинарот на Вол Стрит Журнал, уапсен во Русија минатиот месец.
САД „покажуваат дека никој не може да се вклучи во такво ужасно однесување … без да се платат последици“, нагласи висок американски функционер.