САД ќе загубат милијарди долари бидејќи бројот на туристи паѓа поради Трамп

САД ќе изгубат милијарди бидејќи бројот на странски посетители нагло опадна по изборот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Американската економија би можела да загуби милијарди долари оваа година бидејќи се повеќе туристи избираат да не ја посетат земјата.

Според податоците објавени од Меѓународната трговска администрација, на која се повикува Блумберг, авионските пристигнувања на лица кои не се државјани се намалени за речиси 10 отсто.

Оваа бројка се однесува на март годинава во однос на март минатата година.

Во февруари, бројките покажаа пад од речиси 5 проценти за истиот вид посети.

Според Блумберг , влијанието од падот на туризмот и бојкотот на американските стоки може да достигне до 0,3 отсто од БДП – или околу 90 милијарди долари – според проценките на Голдман Сакс.

Меѓународните посетители потрошија повеќе од 253 милијарди долари на патувања и слични услуги во САД минатата година, што претставува повеќе од 19 отсто од вкупните трошоци за туризам од 1,3 трилиони долари.