САД ќе обезбедат кредит од две милијарди долари за Полска за модернизација на армијата

 – САД ќе обезбедат странско воено финансирање (ФМФ) од две милијарди долари за Полска, со цел поддршка на модернизацијата на армијата.

Според писменото соопштение на американскиот Стејт департмент, меѓу САД и Полска е потпишан договор за директен кредит од две милијарди долари.

Во соопштението се вели дека безбедноста на Полска, која се опишува како верен сојузник на САД, е од витално значење за колективната одбрана на источното крило на НАТО.

Се укажува и на решителноста на Полска за зајакнување на регионалната безбедност преку инвестициите во областа на одбраната.

Според соопштението, Полска игра централна улога во достигнувањето на меѓународната помош до соседната земја Украина.

Се истакнува дека Полска планира во значаен обем да ја прошири својата армија и дека во рамките на програмата за одбранбена модернизација во вредност од милијарди долари, земјата ја отстранила старата воена опрема од руско потекло.

Во соопштението на американскиот Стејт департмент се наведува дека Полска ќе ги унапредува напорите за воена модернизација и дека кредитот што ќе се обезбеди за Полска значајно ќе придонесе во зајакнувањето на одбраната на источното крило на НАТО.