САД ѝ нудат на Полска заем од 2 милијарди долари за модернизација на нејзината војска

– Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска објави дека нуди заем од две милијарди долари на Варшава за да помогне во модернизацијата на одбраната на Полска, објавија американските медиуми.

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека Полска е „решителен“ сојузник на САД, чија „безбедност е од витално значење за колективната одбрана“ на источното крило на НАТО и дека таквото финансирање е резервирано за најважните безбедносни партнери на Вашингтон.

-Владата на САД и дава на Варшава до 60 милиони долари за покривање на трошоците за заемот во форма на странско воено финансирање, кое ќе поддржи „итни набавки на американски одбранбени производи и услуги“, соопшти Стејт департментот.

Овие 60 милиони долари се субвенција за заем наменета да се осигура дека Варшава ќе може да обезбеди поволни услови за заемот.