“САКАВ МОЈАТА МАЈКА ДА СТРАДА!“ – Момчето монструм кое го изврши масакарот во Белград продолжува да шокира со неговите тврдења: “Уживав додека го правев тоа…“

13-годишниот ученик од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, кое го изврши големиот масакар, продолжува да ја запрепастува цела Србија но и регионот со своите ладнокрвни изјави по трагедијата.

Малолетниот ученик (13 г.), кој е осомничен дека го извршил масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, во разговор со работниците на Центарот за социјална работа на Србија (ЦЗСР), како што неофицијално дознава српски Курир, кажал: „Жал ми е што не ги убив сите ученици на списокот! Сакав да се вратам и да ги убијам сите, но ранецот со молотови коктели ми испадна во дворот и не успеав“.

Детето монструм го уби училишниот чувар и осум ученици, седум девојчиња и едно момче, додека рани шест деца, како и наставничка по историја. Потоа сам се јавил во полиција од училишниот двор, се претставил по име, раскажал што направил и побарал да дојдат да го земат. „Јас сум психопат, морав да се смирам“, рекол тој, а потоа бил уапсен од српската полиција.

Според изворите на српските медиуми, додека момчето сведочело ладнокрвно, без трага на каење или сочувство за жртвите, за тоа како долго време го подготвувал злосторството и како го одработил планот и зошто, работниците на ЦЗСР не можеле да го сокријат своето чудење.

Уживав додека ги слушав нивните врисоци. Жал ми е што не ги убив сите деца на списокот, но кога излегов во дворот да ја променам муницијата, ранецот со молотови коктели ми падна, а јас сакав да фрлам за да не може полицијата да влезе во училиштето додека не го завршам започнатото. Тогаш ме фати паника и сфатив дека е најдобро да повикам полиција. Го спуштив пиштолот и повикав“, изјавил 13-годишникот, тврди извор на српски Курир, а особено морничаво било кога момчето кажало дека воопшто не му е жал за убиените соученици.

Она што особено ги шокирало работниците на ЦЗСР при разговорот со малолетникот е тоа што тој практично признал дека некако уживал во делото, дека не само што свесно го планирал, туку и го сакал истото.

Момчето призна дека често гледал криминални филмови, серии, но и документарни филмови за масовните убиства, дури и за оние во училиштата. Особено бил опседнат со документарниот филм ‘American Tragedy‘, кој покажува како страдаат мајките на жртвите, но и како mајката на убиецот страда поради тоа што го направило нејзиното дете“, кажал изворот за споменатиот српски весник.

Тој ја поистоветуваше мајката на убиецот од документарецот со неговата, бидејќи веруваше дека нема сочувство за неговите проблеми“, додал изворот.

Изворот вели и дека момчето верувало дека има проблем со општеството и околината, односно дека страда затоа што е отфрлено и неприфатено од општеството.

Тој не бил жртва на физичко насилство, а прашање е дали бил жртва на некој друг облик на насилство од врсници. Имал лично чувство дека децата од училиште не сакале да се дружат со него, а мајка му сакала да не го сфатат и разберат тоа. Тоа не било случајно пукање, пукал со цел да убие. Во училиштето во текот на истрагата биле пронајдени вкупно 57 чаури и шест куршуми“, наведува изворот, додавајќи дека момчето пукало меѓу пет и осум истрели кон секоја негова жртва.