Сакала да изгледа како лик од цртаните филмови, па го ставила животот во опасност: Нејзината опсесија од пластични операции ќе ја убиела!? (ФОТО)
Откако неколку месеци исчезна од социјалните мрежи, Пикс се врати и им соопшти на своите следбеници неколку вознемирувачки вести. Таа на своите 468.000 следбеници на Инстаграм им кажа дека нејзината опсесија со пластични операции за малку ќе ја убила.
Пикси Фокс се прослави откако започна со пластични операции. Таа црпеше инспирација од цртаните ликови како Џесика Ребит и Заспаната убавица кога почна да го менува својот изглед. 32-годишната девојка од Шведска потрошила околу 80.000 фунти (околу 90.000 евра) на процедури, вклучувајќи операција на градите, операција за отстранување на дури шест ребра и реконструкција на лицето. Таа стана позната како „жив лик од цртан филм“ поради нејзиниот екстремен изглед. Но, нејзиниот живот засекогаш се променил кога козметичката работа почнала да и го зема здравјето, пишува Daily Star .
Таа одлучи да престане да оди под нож и наместо тоа се фокусираше на нејзиното закрепнување. Откако неколку месеци исчезна од социјалните мрежи, Пикс се врати и им соопшти на своите следбеници неколку вознемирувачки вести. Таа на своите 468.000 следбеници на Инстаграм им кажа дека нејзината опсесија со пластични операции за малку ќе ја убиeла.
– Ви благодарaм за трпението. Се опоравувам од компликации за време на операцијата. Поминав време со моето семејство и неколку пријатели кои ми помогнаа во текот на овој процес. Бев позната по пластичната хирургија, рекламирав доктори и процедури кои ми ги правеа. Сега го пишувам овој пост затоа што гледам други девојки како го рекламираат овој доктор кој за малку ќе ми ставеше крај на животот. Живеам со моето семејство во Шведска, се опоравувам од оштетувањето на мозокот што го добив по операцијата кај овој лекар. Тој ги уништи животите на толку многу луѓе. Дури така заврши и еден човечки живот. Тој не презема никаква одговорност за тоа. Дури и ме блокираше на својот Инстаграм. Се разбира, тоа е она што тој го прави кога работите ќе тргнат наопаку. Јас не сум првата. Овој пост го пишувам само како предупредување за другите. Не му верувајте на овој доктор – рече таа.
Таа има среќа што сè уште е жива, откако беше во кома повеќе од една недела. „Толку сум среќна што пријателите и семејството ми доаѓаат на помош и ме враќаат дома во Шведска“, признала Пикси, чиј живот сега, две години по големата здравствена опасност, изгледа многу поинаку. Во последниве недели, таа објави неколку селфиња, а нејзините обожаватели не можат да поверуваат колку поинаку изгледа. Наместо да објавува за пластични операции, таа сега поминува време со своите миленици, опкружена со природа. Таа на социјалните мрежи открива дека се опоравува и дека сонува да биде актерка во иднина .
На нејзините обожаватели им е мило и што денес изгледа многу посреќно, позгодно и поприродно. Еден напишал: „Изгледаш неверојатно“. Друго лице коментираше: „Мило ми е што се вративте овде. Ви испраќам многу љубов и позитивни вибрации“, додека трето лице додаде: „Добре дојдовте назад убава“.