САКАЛ ДА СЕ ПОДМЛАДИ, ПА СО ИЗГЛЕДОТ ГО ИСПЛАШИЛ И РОДЕНОТО ДЕТЕ: Кога ќе го видат неговото лице, сите се прашуваат само ЕДНО
Познатиот водител Сајмон Кауел си го уништил лицето со пластична операција, а сите се прашуваат за што му требало ова.
Непрепознатливиот изглед на Сајмон Кауел се почесто ги остава во шок неговите обожаватели. Додека многумина се сомневаат дека повторно му направил нешто на лицето, музичкиот магнат тврди дека повеќе нема ниту еден филер, како и дека престанал да оди на корекции поради неговиот осумгодишен син. Сепак, се чини дека реалноста е нешто поинаква ако ги земеме предвид фотографиите на кои се гледа како неговото лице „се топи“.
Колку сè полета најдобро се виде кога папараците го фотографираа како излегува со девојка , а сликите во најмала рака се шокантни. Покрај тоа што беше очигледно уморен поради долгото снимање и аудициите за популарното шоу што го води, забележливо е и дека ослабел, а кога на сето тоа ќе додадете филери и ботокс, имате рецепт за катастрофа.
А последниот третман целосно му ја промени физиономијата на лицето. Според The Sun, шефот на шоуто за таленти рекол дека решил да го прекине „подмладувањето“ откако неговиот чуден изглед го исплашил дури и неговиот син Ерик (8).
Неговото лице доби прилично чудна форма, правејќи го да изгледа постар отколку што беше. За жал, ниту неговата свршеница Лорен, која е 18 години помлада, не изгледа толку подобро, бидејќи изгледа почнала да претерува и со филери.
Така, иако се мислеше дека Сајмон поради неа почнал редовно да го посетува пластичниот хирург, за да изгледа помладо, Лорен успеала да изгледа постаро користејќи филери. Поради се, на Сајмон му кажуваат дека вака „ниту сопствената мајка не би го бакнала“ .
Инаку, двајцата се заедно долги девет години, а заедно го имаат синот Ерик. Многумина беа изненадени од неговата одлука да ја запроси, бидејќи тој во неколку наврати изјави дека не верува во брак.