Сакал да ја успие внуката па стана хит на социјалните мрежи: Погледнете го урнебесното видео од дедото кое ги воодушеви сите (ВИДЕО)

На интернет кружи урнебесно видео од дедо чија внука не спиела како што си замислил.

Имено, откако подготвил креветче за својата внука, овој дедо внимателно ја подигнал и ја легнал во креветчето.

Меѓутоа, во еден момент тој губи рамнотежа и паѓа на глава во креветчето .

За време на падот му испадна и мобилниот телефон кој ја емитуваше светлината на екранот како повик за помош!

И покрај ограничениот и тесен простор, дедото успеа да излезе од креветчето, а потоа се сети да му даде на бебето шише и да го покрие со ќебе пред да замине.

Дедото сигурно си помислил: „ Фала богу, никој не ме виде, само бебето“!