Возачот снимил шокантна кражба на комбе за превоз на пари: Ги заробиле чуварот, па го минирале возилото за да го добијат пленот (ВИДЕО)

Група разбојници нападнале блиндирано возило кое превезувало пари на сред автопат кај Сао Паоло.

Вооружените лица пукале со автоматско оружје во предниот дел на оклопното возило за да го принудат возачот да застане. Тие потоа заробиле четворица обезбедувачи и со помош на експлозив го разнеле задниот дел од возилото. После тоа побегнале со парите.

Никој од обезбедувањето не е повреден.

Засега нема информации колку пари се украдени.

Медиумите во Бразил наведуваат дека имало седум разбојници кои користеле два автомобили.

На видеото, снимено од еден возач, се гледа како разбојниците бегаат, по што возилото експлодира. Се гледа и дека сообраќајот на автопатот бил во прекин.

Секретаријатот за јавна безбедност соопшти дека напаѓачи вооружени со пушки се приближиле и пукале во возилото за транспорт на пари.

– Два автомобили со муниција и пушки лоцирани се од Општинската цивилна гарда на Сао Бернардо до Кампо – се наведува во соопштението.