Малкумина знаат дека Жика Јакшиќ има брат: Разликата е огромна, долга црна коса, урбан костум и сосема поинакво лице (фото)

Жика Јакшиќ, продуцент и водител на емисијата ,,Nikad nije kasno“ ретко зборува за својот приватен живот, особено за семејството.

Жика Јакшиќ

Жика има помал син со Дајана Пауновиќ, но и постар син Андрија, кој неодамна се ожени и е најмладиот енолог (експерт за вино) во Германија.

Сепак, помалку е познато дека Жика има и брат пејач.

Имено, Владимир Јакшиќ Муса е дел од рокенрол групата „Револверс“ која беше многу популарна во деведесеттите. Нивни најголеми хитови се: “Nema povlačenja, nema predaje” i “Brod na okeanu”.

Како режисер сними и документарен филм за Винчанската култура.

– Филмот го снимив од чиста љубов кон фигури пронајдени во мојот роден град Александровац, во селото Витково. Имено, Винчанската култура е нешто што треба да му го претставиме на светот. Тоа е фасцинантната прва организирана цивилизација во Европа. Нивните достигнувања сè уште ја изненадуваат науката и ја менуваат пишаната историја. Важно е филмот да е на англиски јазик и во филмот да го имаме Бенџамин Елиот, историчар од Брајтон, кој разговара со искусни археолози на пат од Велика Британија во Србија во потрага по вистинската Винча – изјави претходно Јакшиќ.