“ТОА БЕШЕ ВИСТИНСКИ КОШМАР!“ – 4-годишно девојче брутално нападнато од куче: “Ја фати за лицето и ја собори на земја, не знаев што да правам…“ (фото)

4-годишно девојче завршило со 40 конци на лицето откако било нападнато од американски булдог. Малото девојче Луна-Ен Форсајт била „прикована“ на земја од животното, а мајката Ејми Хобсон (32 г.) го удирала за да ја пушти нејзината ќерка. Мајката ја однела ќерка си во болница со такси бидејќи и рекле дека ќе треба неколку часа да пристигне итната помош, пишува Daily Mail.

Кошмарот се случил во домот на семејните пријатели во Нунитон, Англија во четвртокот попладне. Веднаш штом пристигнале во болница, Луна итно била пренесена на операција. Хирурзите два часа го оперирале девојчето, кое завршило со 40 конци на лицето, а мајката била предупредена дека ќе има трајни лузни.

Луна-Ен Форсајт

Хобсон објаснила дека кучето било горе во соба, но ја отворило вратата и избегало. Кучето се доближило до мајката а таа почнала да го гали, а истото го сакала и нејзината ќерка која го извика името на кучето за да дојде кај неа.

Ја фати за лице и ја собори на земја. Го удрив за да ја пушти ќерка ми, ја кренав од земјата и веднаш повикав итна помош. Имаше многу крв, Луна беше мирна и храбра, а јас во паника плачев“, изјавила мајката за Daily Mail.

Полицијата покренала истрага, кучето било одземено од сопствениците и успиено (убиено). 

д-р. Џон Тулок, експерт за ветеринарно јавно здравје на Универзитетот во Ливерпул, е автор на студија од 2021 година која откри неверојатен пораст на бројот на инциденти со каснување од кучиња во текот на изминатите 20 години.

Во последните 20 години се зголемува бројот на тешки напади од кучиња, тоа треба да го наречеме со вистинското име: Се поголем јавно здравствен проблем. Во повеќето случаи, кучето и е познато на жртвата бидејќи овие настани се случуваат зад затворени врати“, вели Тулох.

Како можен проблем го спомена зголемувањето на бројот на купени домашни миленици од нерегистрирани и странски одгледувачи, како и едукативни методи инспирирани од трендовите на социјалните мрежи.