Сакате посилна ерекција, поголемо либидо и подобар сексуален живот – пробајте ги овие две моќни билки!
Ако сте само под голем стрес, не би било лошо да примените еден од овие рецепти пред да ве фати паника
Стресот, прекумерната работа, алкохолот и прекумерниот кофеин можат да влијаат на либидото. Причините можат да бидат и физички, на пример болни хемороиди. Главните симптоми се намален интерес за секс, тешкотии во постигнување и одржување на ерекција, предвремена ејакулација.
Растенија кои помагаат:
Дамијана (лат. Turnera diffusa var. aphrodisiaca)
Дејство: Се користи дел од растението. Тој е афродизијак кој исто така е и антидепресив, го подигнува расположението и ги стимулира сексуалните перформанси.
Начин на употреба: Како билен чај, во таблети или тинктури.
Комбинации: Додајте парченце во секоја шолја чај или додадете сабална палма, ашваганда или корејски женшен во тинктурата. Во таблети, обично се комбинира со сабална палма или растение Кола. Чајот од вербена помага при предвремена ејакулација.
Ашваганда (лат. Withania somnifera)
Дејство: Се користи коренот. Тој е афродизијак, подмладува и има корист за целиот организам и ги подобрува сексуалните перформанси.
Начин на употреба: Измешајте ја во млеко, до еден грам по доза. Можете да измешате ашваганда во прав во топло млеко засладено со малку шеќер.
Комбинации: Користете со женшен или сабална палма или додадете прстофат долга пиперка во лушпата. Може да помогне и масажата пред водење љубов: измешајте една капка масло од роза и пет капки сандалово во 5 милилитри бадемово масло за масажа на телото на двајцата партнери.